Вучиќ: Хрватска има двојни стандарди за бегалската криза

Од:

Хрватска во решавањето на бегалската криза има двојни стандарди, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, барајќи од хрватските власти да се занимаваат со својата земја и Србија да не им биде глвана земја и главна цел во политичката кампања.

Вучиќ синоќа во интервју за хрватската телевизија Ер-Те-Ел изјави дека пет и пол месеци луѓето преку Србија одеа во Унгарија и дека за Хрватска тоа тогаш не било тема, нити пак барала еднаков пристап.

– Вие имате различни аршини. Еднаш ви се допаѓа, а друг пат не. Јас тука не можам да помогнам и тоа со Србија нема никаква врска. Само оставете не на мира. Ништо не бараме од вас, истакна српскиот премиер.

Вучиќ на прашањето што ќе направи за подобрување на вака нарушените односи, одговори дека Србија веќе сторила се.

– Ние направивме се, од истата секунда ги укинавме нашите мерки откако вие ги укинавте вашите. Нашата земаја е отворена за сите хрватски граѓани. Ние немаме никакви забелешки на вас, ние не зборуваме ништо против вас, не сме заинтересирани за вашата изборна кампања, нагласи тој.

Вучиќ повторно истакна дека Србија е подготвена за соработка со сите и дека е подготвена да соработува со Хрватска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ