Хрватска се заканува со херметичко затворање на границата

Од:

Хрватските медиуми објавија дека владата е незадоволна со развојот на ситуацијата по отворањето на границата и дека повторно тврди како Србија и Унгарија имаат договор.

Доказ за тоа според членови на хрвтаската влада било што унгарскиот шеф на дипломатијата ја пофалил Србија, а ја нападнал Хрватска.

Според хрватските медиуми, кризата во односите со Белград ќе стане минато, само ако Србија го ограничи бројот на бегалци кои се упатуваат во Хрватска. Во спротивно, потврдиле во владата за “Јутарњи лист“, Хрватска е подготвена херметички да ја затвори целата граница.

Ова е прв пат, службеници на владата на Хрватска, да ја спомнуваат можноста за целосно затворање на границата. Проблем ќе се создаде доколку Хрватска прејде на таканаречениот план Д, кој би подразбирал подигнување ѕид кон Србија.

– Ако Хрватска посегне кон истата тактика како и Будимпешта, односно одлучи да постави жичана ограда, илјадници бегалци подолго време ќе се задржуваат кај нас. Тие сега во Србија, во просек се задржуваат 24 часа, но во тој случај ќе им бидат потребни неколку недели за да пронајдат нова рута кон Запад, предупредуваат српските медиуми.

Според последниот извештај, Унгарија покрена 256 постапки за илегално преминување на границата за бегалци кои влегле од Србија, додека 7895 постапки се покренати за бегалци кои влегле од Хрватска кон Унгарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Експлозија го потресе Загреб

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски