Хилари Клинтон од следната недела на Балканска турнеја

Од:

Американскиот државен секретар, Хилари Клинтон следната недела ќе ги посети Србија, Косово, и Босна и Херцеговина, за да даде поддршка и да покаже дека САД се посветени на иднината на Балканот и на евроатлантската агенда, соопшти Стејт Департемнтот.

Како што се наведува, на Клинтон во балканската турнеја ќе и се приклучи и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон.

Во соопштението на Стеј Департментот се истакнува дека Клинтон и Ештон ќе го посетат Белград и Приштина и ќе ја повторат поддршката и напредокот на дијалогот, како и дека ќе го охрабрат спроведувањето на конкретните чекори што ќе им овозможат на државите да напредуваат на својот пат кон ЕУ.

Клинтон балканската турнеја ќе ја заврши со посета на Хрвтаска и Албанија. Македонија не е во агендата на американската државна секретарка.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија