ЕК: „Жешките точки” за прием на мигранти само во границите на ЕУ, не и на Балканот

Од:

Европската комисија денеска појасни дека “жешките точки” што ќе се поставуваат, засега во Грција и Италија, а со цел прием и регистрација на мигрантите и бегалците, не се планира да бидат поставени надвор од границите на Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел. Тоа значи дека овие центри за прием на реките бегалци, и покрај тоа што Република Македонија и Србија се на главната рута на бегалците од Арапскиот свет, со потврда на неформалната Влада на Европската унија нема да се постават во овие земји што не се дел од Унијата.

– “Жешките точки” ќе егзитираат и ќе се поставуваат само границите на ЕУ и кај земјите-членки што се соочуваат со диспропорција на миграторски притисок и бегалци кои пристигнуваат на нивна територија. Овие точки ќе оперираат во рамки на ЕУ границите и во случајов засега тоа е во Грција и во Италија – појасни портпаролот на Еврокомисијата, Даниеле Росарио.

На прашањето што всушност се т.н. “жешки точки”, гласноговорникот на Комисијата, најпрво рече дека тоа се центри што ги поставува ЕУ и тимови на терен во земјите-членки со цел да го поддржат процесот на релокација. Според Росарио, нивна задача ќе биде ситее пристигнати емигранти и бегалци да се регистрираат, да им се земат отпечатоци и да превземаат други потребни чекори. Малку подоцна, портпаролот на Еврокомисијата се поправи и посочи дека “’Жешките точки’ ќе одат рака под рака со релокацискиот систем”, но дека “тие не се центри, туку тимови за поддршка”.

За најавата од Србија, која не е земја-членка на Унијата, дека ќе создаде “жешка точка”, портпаролот на Еврокомисијата истакна дека што и да прави оваа држава, дека тоа “сигурно не е ‘жешка точка’”.

Во однос пак на хрватско-српскиот спор со затворање на границите за промет на патници и стоки од страна на Хрватска, а поради напливот на емигранти и бегалци, портпаролката на Комисијата, Маја Коцијанчич, исткана дека Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини за овој проблем утринава разговарала со премиерите на двете земји, Зоран Милановиќ и Александар Вучиќ. Могерини, според нејзината портпаролка, им нагласила дека мора да се најде “конструктивен пристап и да се обнови протокот на стока преку граница” и дека “затоа, Еврокомисијата бара итно разјаснување од хрватска страна, бидејќи станува збор за итно прашање”.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

На европското знамнце не му било местото во измените на Кривичниот законик: ЕУ загрижена за новите одредби

ЕУ за предлог измените во Кривичниот законик: Проверуваме дали е злоупотребено знаменцето

ЕУ ќе препорача дополнителна доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години

Горан Наумовски

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов