Индонезија незадоволна од приливот на срества се закани со откажување на кинески кредити за изградба на патишта

Од:

Индонежанската влада денеска соопшти дека од Кина побарала да го поедностави и забрза процесот на прилив на веќе договорените и одобрените средства од 670 милиони долари наменети за изградба на патишта. Министерот за јавни работи на Индонезија Хедиван Хасаини изјави дека од кинеските власти побарал во рок од три месеци да обезбеди поедноставување на комплицираните банкарски процеси во Кина и средствата од кредитот побрзо да дојдат до изведувачите. Ако не се направи така, Индонезија ќе го откажела кредитот.

Дел од аналитичарите во овој дел на светот денешната порака од Џакарта до Пекинг ја поврзуваат со неколку настани, поврзани со формирањето на новата Банка за инвестиции во инфраструктурата, чие седиште ќе биде во Кина. САД, поради Светската банка и Јпонија, поради Азиската банка за развој сметаат дека новата Банка, со мнозински кинески капитал, ќе биде нелојална конкуренција на двете сега најголеми банки во светот.

Судирот на интереси се појави со најавата дека само во десетте држави, членки на АСЕАН, во следните 15 години ќе се инвестираат, најмалку, над 700 милијарди долари во изградба на нови патишта, брзи пруги, аеродроми и пристаништа. САД и Јапонија одбија да бидат меѓу оснивачите на новата Азиска банка за инвестирање во инраструктурата. Меѓу 56 држави кои до сега ги потпишаа пристапните договори за влог се и Велика Британија, Италија, Франција и Германија. На стартот, кон крајот на годнинава, новата банка ќе има оснивачки капитал во вредност од 100 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници