Екипата на Монако ја оствари третата победа во шампионатот на ФРанција откако синоќа во натпревар од 7.коло со пресврт стигна до триумф против Монпеље на гостински терен. Домашниот тим поведе со 2:0 преку Даниел Конгре и Гуадио Кариљо (автогол), додека головите за Монако ги постигнаа Фабио Коентрао, Томас Лема и Фабињо од пенал.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Тулуз – Олимпик Марсеј 1:1, Ајачио – Рен 1:1, Лориен – Каен 2:0, Олимпик Лион – Бастија 2:0, Ница – Бордо 6:1, Троа – Сент Етиен 0:1, ПСЖ – Генгамп 3:0 и Анжи – Ремс 0:0.
Последниот дуел од ова коло меѓу Лил и Нант ќе се игра на 29.септември.
Табела: ПСЖ 17 бодови, Сент Етиен 16, Рен 14, Олимпик Лион 12, Ремс 12, Анжи 12, Каен 12,..