Претседателот на Баерн од Минхен, Карл Хајнц Румениге на сите заинтересирани им порача дека Томас Милер не е на продажба по ниту една цена.
Во текот на летниот преоден рок медиумите шпекулираа дека Милер ќе биде нов играч на Манчестер Јунајтед но тоа не се случи.
-Милер останува во Баерн без оглед на тоа какви понуди добивамеза негов трансфер. Не постои сума којашто би ја рагледувале. Меси и припаѓа на Барселона, Руни на Манчестер, а Милер на Баерн, едноставно е и така треба да остане. Нема друг Милер на светот, тој е многу важен играч за тимот, изјави Румениге за „Билд“.
Баерн моментално е прв на табелата со максимален учинок, а Милер е третопласиран на листата со стрелци со шест гола.