СДСМ: После катастрофата што ја предизвика, Груевски не може ништо да најавува освен неговото заминување

Од:

„Добра вест за граѓаните на Македонија е што Никола Груевски нема да биде премиер во 2016 година.

Не само што нема да биде премиер туку Никола Груевски нема да има никакво учество во политичкиот живот.

Со елиминирањето на корупцијата и криминалот, што годишно ја чини државата 400 милиони евра, новата влада на СДСМ реално, без задолжување на идните генерации ќе го зголеми двојно стандардот на пензионерите, примателите на социјална помош и на сите граѓани коишто живеат тежок живот, во ограмна сиромаштија и тоа во рок од еден мандат.

Со доаѓањето на новата влада на СДСМ на сите граѓани, а посебно на пензионерите и примателите на социјалната помош, ќе им биде предочено дека стотици милиони евра кои им припаѓале ним, Груевски и фамилијата ги присвоиле на своите сметки.

После катастрофата што ја предизвика, осиромашувањето на граѓаните, економското уништување на земјата, криминалот и корупцијата, Никола Груевски не може ништо да најавува, освен неговото заминување“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба