Извршниот директор на Баерн Минхен Карл-Хајнц Румениге изјави дека клубот му понудил одличен нов договор на Пеп Гвардиола и дека е убеден дека шпанскиот стручњак ќе ја прифати понудата.
Договорот на Гвардиола со Баерн истекува на крајот на оваа сезона, а досега е голем интерес за неговите услуги покажа Манчестер Сити. Сепак, Румениге, верува дека на поранешен тренер на Барселона, ќе му биде тешко да ја одбие понудата на Баварците.
– Јас сум оптимист и мислам дека Гвардиола ќе го продолжи договорот со нас. Постои голема понуда на маса која не може лесно да се отфрли. Ќе имаме сериозен разговор со Гвардиола наредниот период па ќе видиме што ќе се случи. Сакам повторно да ја освоиме Лигата на шампионите со Гвардиола на тренерското место, изјави Румениге.
Откога Шпанецот е дојден на клупата на Баерн, бундеслигашот освои две титули шампион, германскиот куп, УЕФА Супер Купот и Светското клупско првенство.
Во ЛШ Баерн на предводен од Гвардиола двапати играше во полуфинале од каде беше елиминиран од подоцнежните европски шампиони Реал Мадрид и Барселона.