Најмалку 453 муслимански верници загинаа загинаа, а 719 други се повредени во стампедо за време на аџилакот во саудискиот град Мина, на пет километри од Мека, соопшти Директоратот за цивилна заштита на Саудиска Арабија.
Најголемиот број од жртвите се постари или инвалидизирани лица.
Телевизијата Ал Џезира јави дека инцидентот се случил на улица околу која се наоѓаат времените кампови каде во над 160.000 шатори се сместени аџиите.
#منى pic.twitter.com/Q2jW3mSFYw
— hicham messaoudi (@prohicham) September 24, 2015
ТАСС информира дека причина за трагедијата е дефект на еден воз на релацијата од Мека до Мина, поради што се блокирале вратите. Кога возот пристигнал на перонот настанала турканица во обид на аџиите да дојдат до возот. Во акцијата за помош на настраданите се вклучени повеќе од 4.000 лица. Според официјалните податоци, на аџилакот оваа година има над два милиони луѓе.
#تدافع_مشعر_منى #منى الان .. يارب احفظ حجاجك وارحم موتاهم يارب pic.twitter.com/XsT4BX8rUx — عاشق غلاك ⁂ (@k7elaan33) September 24, 2015
Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен барем еднаш во животот доколку е способен да замине на аџилак.
Најмалку сто лица загинаа и 230 беа повредени на 12 септември, откако се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека.