Најмалку 220 верници загинаа загинаа, а повеќе од 400 се повредени во стампедо за време на аџилакот во саудискиот град Мина, во близина на Мека, соопшти Директоратот за цивилна заштита на Саудиска Арабија.
#منى pic.twitter.com/Q2jW3mSFYw
— hicham messaoudi (@prohicham) September 24, 2015
Телевизијата Ал Џезира јави дека инцидентот се случил на улица меѓу која се наоѓаат времените кампови во кои се сместени аџиите. Според телевизијата, можно бројот на жртвите да се зголеми.
#تدافع_مشعر_منى #منى الان .. يارب احفظ حجاجك وارحم موتاهم يارب pic.twitter.com/XsT4BX8rUx — عاشق غلاك ⁂ (@k7elaan33) September 24, 2015
На аџилакот оваа година има над два милиони луѓе, јавуваат локалните медиуми.
Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен барем еднаш во животот доколку е способен да замине на аџилак.
Најмалку сто лица загинаа и 230 беа повредени на 12 септември, откако се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека.