Николова: Референдум за амнестија ќе има, владата попушти пред протестите, допрва не’ чека битка

Од:

По три дена протести пред Собрание на Граѓанската иницијатива за законот за амнестија и по штрајкот со глад на затворениците во македонските затвори, владата попушти и достави одлука до Државната изборна комисија за распишување на референдум за измени во Законот за амнестија.

– Позитивниот одговор од Владата стигнал до ДИК, уште утрово, нас ни кажаа дури откако дојдовме пред влада, каде што не пречекаа специјалци. Но најважно е дека се дозволи распишување на референдум. Многу беше тешко до тука, а уште потешко не’ чека. Целиот финансиски терет за референдумот ќе падне на Граѓанската иницијатива и на роднините на осудениците, ќе треба да се спроведе во 34 општини, ќе треба да се изориме да им се даде право на затворениците да гласаат на референдумот, вели за А1 он, Мери Николова од Граѓанската иницијатива за Законот за амнестија.

Од Иницијативата за закон за амнестија се надеваат дека ќе успеат да соберат 10 илјади потписи за намалување на казните за 40 отсто, освен за оние кои се однесуваат на геноцид и за оние кои се во бегство, а казната за доживотен затвор ќе се преиначи во казна затвор до 20 години. Дел од барањата се и за похумани услови во затворите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела