Популарната социјална мрежа за споделување на фотографии „Инстаграм“ сега има повеќе корисници од „Твитер“, мрежата за споделување на кратки пораки.
„Инстаграм“ стана попопуларна социјална мрежа од „Твитер“, откако го зголеми бројот на корисници за 100 милиони во последните девет месеци. Откако „Фејсбук“ го купи „Инстаграм“ во 2012 година за една милијарда долари, растот на популарноста на мрежата е поголем од предвидувањата на аналитичарите, па денеска таа има околу 400 милиони редовни корисници.
Раст на популарноста на „Инстаграм“ е особено забележана во Бразил и Јапонија. Социјалната мрежа веќе има поголемо значење во работењето на големите корпорации и брендови, како што е „Дизни“, кои се почесто ја користат оваа социјална мрежа.
За споредба, „Твитер“ во последниот квартал забележа 304 милиони активни корисници, што е раст од само 12 проценти во однос на претходната година. „Инстаграм“ моментално прави напори за дополнително проширување на своето работење, така што на бизнис партнерите, кои се рекламираат им нуди до 30 секунди видео рекламен простор.
„Фејсбук“ не ги објави приходите на „Инстаграм“, но според некои аналитичари профитот на оваа социјална мрежа во 2015 година изнесува околу 600 милиони долари.