(ВИДЕО) Николова: Ако за 24 часа Владата не дозволи референдум за амнестија – камиони и трактори ќе ги блокираат улиците

Од:

Ако за 24 часа, владата не овозможи собирање 10 илјади потписи за да се поднесе предлог закон за амнестија, роднини на осуденици и граѓани со камиони, автобуси и трактори ќе ги блокираат улиците пред Собранието, најавуваат од иницијативата за измена на Законот за амнестија, кои трет ден протестираат пред Собранието.

Вчера на седница на Влада бил разгледуван предлогот на граѓанската иницијатива за Закон за амнестија, ги информираше Мери Николова роднините на осудениците кои трет ден протестираат пред Собрание.

Граѓанската иницијатива бара траењето на доживотните казни да биде 20 години, како што е уредено во повеќето држави – со конкретно утврдено траење. Понатаму, лица кои што навршиле 75 години по стапувањето на Законот за амнестија веднаш да бидат ослободени. Лица осудени до 6 месеци затвор, да се ослободат целосно, а лица осудени од 6 до 12 месеци да се ослободат до 50 отсто од изречената казна затвор.

– Да нема забуни, бараме 40 проценти за сите осуденици и така треба да одиме до крај. Ако еднаш потврдуваат, вторпат ако лажат – нема гласови за ниедна политичка партија. Иако сум од СДСМ, ќе ја скинам партиската книшка и одиме до крај, рече Николова пред роднините на осудениците.

Таа ја посочи Хрватска како пример, каде луѓето што се осудени на затвор до 3 години, казната ја издржуваат во домашен притвор, а сите кои одлежале две тртини од казната, се ослободени, без оглед за кои кривични дела биле осудени.

dokumentmerinikolova

– Нашиот претседател е единствен пример – ослободува убиец кој убил човек, бугарски државјанин, со 20 убоди со нож и претседателот го ослободува, а ние не можеме да направиме намалување од 40 проценти, не велиме 100 проценти. Ако тој ни е татко на државата, тој е изгласан од нас и овојпат – треба да слуша. Да не излегувате на избори додека не го прифатат законот, рече Николова.

145-те потписи од граѓани биле предадени во Собранието и овој предлог-закон, вчера, бил одобрен од комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и од законодавно-правната комисија. Одобрението од Собрание е испратено по итна постапка до Влада и доколку од таму добијат зелено светло, ДИК ќе може да почне постапка за граѓанската иницијатива.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела