Претседателот на „Либераланд“: Бегалците можат кај нас, но само ако платат 10.000 долари

Од:

Основачот на т.н. микродржава Либерланд, Вит Једличка е подготвен е да ги прифати сириските бегалци, но под услов тие да платат 10.000 долари.

Чешкиот политичар и самопрогласен претседател на Слободна република Либерланд одлучи да ја искористи можноста и да ја подобри состојбата на неговата држава, како економски, така и смисла на претставување во медиумите.

Во разговор за „Дејли мејл“ тој истакна дека од април кога ја прогласи државата на островот околу кој се спорат Хрватска и Србија, доби околу 380.000 барања за државјанство на површината на седум квадратни километри полни со комарци.

Тој не отстапува од планот тоа парче територија да го претвори во ново Монако или Лихтенштајн и тврди дека и денес прима по едно барање за државјанство во минута.

Тој тврди дека до сега се добиени се повеќе од 20.000 барања на сириски државјани, а „Дејли мејл“ тоа го споредува со четири илјади барања до Велика Британија.

Једличка посочи дека бегалците се добродојдени, но под услов да платат.

– Тоа е многу чувствително прашање, затоа што голем број бегалци ја поминуваат границата недалеку од Либерланд. Имаме 22.000 пријави од Сирија, ако сакаат да дојдат и да и помогнат на Либерланд да застане на нозе, добродојдени се. Тие мораат да ја делат нашата визија за слобода, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција упадна во Либерланд: „Ни го уништија имотот и не навредуваа, стоп за оваа лудост“

Самопрогласената мини држава Либерланд отвори претставништво во Белград

Наум Локоски

На чекор од утопија: Избран идниот изглед на „државата“ Либерленд

Емир Латифовиќ

Либерланд е Србија!

Ана Ололовска

Једличка: Признавањето на Либерленд од Србија и Хрватска е реално

Ана Ололовска

Уапсен Чехот Вит Једличка кој прогласи независна држава Либерленд

Емир Латифовиќ