Агенцијата за млади и спорт објави конкурс за млади поети

Од:

Агенцијата за млади и спорт објавува конкурс за млади поети кои треба да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирки на поезија и да достават најмногу две поетски творби.

– Конкурсот за млади поети  се  реализира вторпат, а има за цел да ги поддржи и поттикне младите креативци. На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра творба и тоа за прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора награда 10.000 денари, а трета награда 5.000 денари, се вели во денешното соопштение од Агенцијата за млади и спорт.

Младите поети кои пишуваат поезија треба да ги достават своите дела на конкурсот до 9 октомври годинава. Делата ќе бидат оценувани од комисија составена од членови на Друштвото на писатели на Македонија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на оваа година.

Кандидатите, како што информира АМС, своите дела треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „творби”, во кој ќе се наоѓаат творбите потпишани со шифра, а во другиот треба да се наоѓа документација за идентификацијата на испраќачот како и шифрата.

Адресата на која треба да се достават авторските дела е: Агенција за млади и спорт – Сектор млади, ул. „Френклин Рузвелт“ бр.34, 1000 Скопје со назнака „за Конкурсот Млади поети “ или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт. За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3113-705    секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт – Сектор млади.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска