По завршувањето на атлетската сезона, најбрзиот човек на планетата на сите времиња Усаин Болт нема мир. По Австралија и Нов Зеланд стигна и во Бразил.
Болт во вторникот пристигна во Рио де Жанеиро, градот во следните Олимписки игри поради спонзорски обврски.
Двојниот олимписки шампион и светски рекордер на 100, 200 и 4×100 метри одржа прес конференција на која тој повторно зборуваше за неговите амбиции за наредните години.
„Олимписките игри во Рио де Жанеиро… се надевам дека ќе ја задоволам конкуренција и дека ќе бидам во најдобра физичка кондиција, иако тогаш ќе имам 30 години“. рече Болт.
Тој додаде дека сака да го поправат светскиот рекорди и да освои повеќе олимписки медали за да се смета за најголем во овој спорт.
„Јас сум среќен кога моите фанови и медиумите ме споредуваат со великаните. Ќе продолжам да работам напорно за да ја оправдам секоја пофалба. Сакам да бидам она што биле Пеле, Мухамед Али и Мајкл Џордан во својот спорт”, додаде Болт.