Израел и Русија формираат заеднички центар за координирање на воените дејствија во Сирија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин вчера во Москва постигнаа договор за формирање на механизам за координирање на вооружените активности на двете страни, со цел да биде избегната несакана размена на оган во Сирија.

Целта на механизмот е да бидат избегнати недоразбирања меѓу израелските и руските вооружени сили, се наведува во денешното соопштение на канцеларијата на израелскиот премиер.

Нетанјаху нагласи дека Израел планира да ја задржи слободата на дејствување во Сирија.

Според израелските медиуми началникот на Генералштабот на армијата Гади Ајзенкот, кој беше дел од делегацијата на Нетанјаху во Москва, и неговиот руски колега Валериј Герасимов се договориле новиот координациски орган да биде раководен од нивните заменици.

Првата средба меѓу замениците на генералштабовите на двете армии ќе се одржи за две недели, но не е прецизирано местото, ниту интензитетот на средбите.

Координацискиот орган ќе ги следи внимателно воздухопловните, поморските и електромагнетни дејствија на двете земји во Сирија, прецизираа воените претставници по средбата во Москва.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски