Папата отслужи миса на отворено во кубанскиот град Олгин

Од:

Папата Франциско, кој е во посета на Куба, вчера одбележа годишнина од денот кога како младо момче решил да стане свештеник, упатувајќи кон Кубанците деликатна порака: да ги надминат идеолошките убедувања и да посакаат промена.

Папата го посети четвртиот по големина град во Куба, Олгин, каде отлужи миса на отворено.

Група деца и возрасни кои пееја во хор, развиорија знамиња на Куба и на Ватикан, пречекувајќи го папата со извици: „Франциско, Олгин е со тебе!“.

На Плоштадот на револуцијата во градот беа собрани илјадници лица.

– Знам по цена на колкави напори и на какви саможртвувања работи црквата на Куба, со цел да ја однесе до сите и до најоодалечените населби пораката и присуството на Христос, изјави папата.

На мисата во Олгин присуствуваше и кубанскиот претседател Раул Кастро, кој се ангажираше да биде на сите миси, отслужени од папата.

По посетата на Куба папата ќе замине за Вашингтон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска