Индонезија не им простува на министрите обвинети за корупција

Од:

Судот во Џакарта денеска го отфрли барањето на поранешниот министер за религиозни прашања на Индонезија, Али Сурјадарма за деблокирање на неговите банкарски сметки.

Останува на сила и одлуката за блоирање на банкарските сметки и на членовите на неговото семејство.

Моќната комисија за антикорупција на Индонезија го обвини министерот дека од лажирани трансакции за оганизирање на аџилак од 2010 до 2014 година, тој присвоил најмалку 3,72 милиони долари.

Поротата во Џакарта проценила дека документите за корупцијата на поранешниот министер се валидни и го задолжи обвинителот побрзо да го докмплетира обвинувањето. Ако биде прогласен за виновен, Сурјадарма ќе биде задолжен да ги врати парите, а го очекува затвор од најмалку шест години.

Ова е четвртиот министер од поранешната индонезиска Влада на кој му се суди за корупција. Тројцата се веќе осудени да вратат над 100 милиони долари и ги издржуваат затворските казни.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници