Концерт на гитаристот Дарко Багески во Тајван

Од:

Гитаристот Дарко Багески во недела, 20 септември, ќе настапи во Тајпеј во организација на Taipei Genesis Guitar Orchestra, што ќе биде премиерен концерт на македонски класичен гитарист во Азија. Настапот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Багески ќе изведе дела од Џулијани, Пјацола, Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис… а покрај концертот ќе одржи и неколку мастерклас-предавања пред студенти и професори на Музичката академија во тајванскиот главен град.

Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.

Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис…

Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска…, настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор