Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Лидија Димова во обраќањето до еврокомесарот Јоханес Хан повика на отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година и тоа со поглавјето 24.
Таа упати три барања до него.
-Мора да добиеме препорака, очекуваме дека ќе ја добиеме препораката, второ, Европската комисија очекувам да констатира дека новата Стратегија за проширување 2015-2016 година ќе констатира дека Западен Балкан не е проблемот туку е решението на бегалската криза и од тука ќе предвиди активности во рамките на Берлинскиот процес со кој ќе почне да ја вклучува активно Македонија и другите држави од Западен Балкан, и последна препорака е дека се надевам дека Грција ќе дозволи и ќе сфати дека е време пристапните преговори да почнат и дека бегалската криза ќе ја искористи за да сфати дека сега е моментот за заедничка акција.
Македонија предолго чека, време е за решителна акција, време е за морковот, рече Димова.
Таа посочи на статистиката за проблемот со бегалците.
-За 2014 година над 283. 000 лица незаконски ја преминале границата со ЕУ, 79.000 се Сиријци, околку 170.000 доаѓаат од средозменото море, над 441.000 се со незаконски престој во ЕУ, над 252.000 граѓани се вратени назад во земјите од каде што дошле. Ова е страшно нерпијатна слика. Сигурна сум дека сте свесни дека во 2015 година бројката драматично ќе се влоши, рече претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Лидија Димова во обраќањето до еврокомесарот јоханес Хан.
Димова потсети на дебатата на ФООМ на која беа присутни повеќе експерти од регионот меѓу кои и од Грција, Василис Царцарис кои зборуваа за бегалската криза.
– Во еден момент тој кажа -“во најлошата криза има и нешто добро што се случува. Знаете што е ново во Грција, вели тој, ние порано беше несфатливо да одиме да се поздравиме со македонската гранична полиција, сега одиме секое утро таму и се поздравуваме -Како си брат, на совршен македонски јазик ова го изговори“, рече Димова.
Сакам да кажам можеби во кризата има и светли моменти, можеби сега е времето исто така Македонија и Грција да седнат заедно и да ја погледнат во очи вистината , и да сфатиме дека решението ќе го најдеме заедно, и тоа е работа на Европската комисија, Стратегијата за проширување предвидува почетокот на преговори со државите да почне со поглавјата 23 и 24, односно судството и човековите права и безбедноста, правда и слобода.
Ако добро ги видиме рабоите, ќе видете дека сето ова што е производ на бегалската криза може да се смести во поглавјето 24. Од тука мислам дека заклучоците на Советот за правда од 25 и 26 јуни полесно ќе ги спроведе Европската Унија ако веднаш отвори преговори за поглавјето 24, веднаш, без одлагање односно во декември, рече Димова во обраќањето до Хан.