Јувентус ја задржа лидерската позиција на табелата во Серија „А“ и по 35 коло, откако на гости ја доби Новара и остана на истата дистанца од три бода предност во однос на Милан, кој славеше на гости кај Сиена.
Интер се приклучи во борбата за третото место, откако со пресврт на домашен терен ја доби Чезена, додека по неуспехот на Џенова кај Болоња, Лече пропушти голема шанса да излезе од опасната зона за испаѓање, бидејќи беше поразен пред своите гледачи од Парма.
Резултати 35 коло:
- Болоња – Џенова 3:2
- Новара – Јувентус 0:4
- Сиена – Милан 1:4
- Аталанта – Фиорентина 2:0
- Интер – Чезена 2:1
- Лече – Парма 1:2
- Удинезе – Лацио 2:0
- Палермо – Катанија 1:1
- Каљари – Киево 0:0
- Рома – Наполи 2:2
Табела:
- Јувентус 77 бодови
- Милан 74
- Наполи 55
- Интер 55
- Лацио 55
- Удинезе 52
- Рома 51