Советот на јавни обвинители пред полноќ едногласно ја избра Катица Јанева за специјален јавен обвинител. Тројца од членовите зедоа збор и ја образложија нејзината биографија по што беше заклучено дека достоинствено ќе ја врши функцијата.
Претпладне се очекува таа да даде заклетва во Советот по што ќе ја преземе функцијата.