Никола Старџен му понуди соработка на Џереми Корбин против владата на ториевците

Од:

Лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и прв министер на Шкотска, Никола Старџен му понуди меѓупартиска соработка во Парламентот, на новиот лидер на британските лабуристи, левичарот Џереми Корбин.

Во честитката до Корбин, таа го повика „заеднички да дејствуваат„ против владата на конзервативецот Дејвид Камерон.

Поканата се однесува за спротивставувањето на плановите на владата во Лондон, за обнова на нуклеарниот потенцијал на Велика Британија и за нова генерација „Трајдент“ ракети со нуклеарни боеви глави, кои се стационирани во базата во Шкотска.

Владата на СНП и Никола Старџен кои се раководат од левичарски позиции и идеолошки се блиски со ставовите на Корбин, како пратеник од крајно левото крило на Лабуристичката партија, се противат на ваквиот план.

Шкотските сепаратисти заговараат денуклеаризација на Британија, како и повлекување на „Трајдент“ од шкотската територија. Во текот на кампањата за отцепување од Британија, СНП највуваше дека доколку стане независна држава, Шкотска ќе бара од Лондон да го повлече нуклеарното оружје и да затвори базата каде тоа се чува.

Корбин како и целото левичарско крило на лабуристите, по традиција е против нуклеарното оружје и се противи на неговата обнова во Британија.

Старџен исто така му понуди соработка на Корбин и во другите сектори, а посебно во спротивставувањето на конзервативната политика на кратење на буџетот и на социјалните фондови.

Засега нема одговор од лабуристите на понудата на шкотските сепаратисти, со кои пред една година, остро се војуваше во кампањата за референдумот во Шкотска, но Старџен се сомнева во иднината на партијата со Корбин како лидер.

Таа не верува дека лабуристите, предводени од левичар ќе може да се наметнат кај британските гласчи и да победат на следните парламентарни избори во 2020 година. Старџен затоа смета дека доколку и после пет години, остане ториевската опција и нивната тврда, антисоцијална политика, а гласачите немаат соодветна друга опција, за Шкотска ќе нема друга алтернатива освен да се отцепи и самостојно да го продолжат патот, надвор од Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски