Тројца ерменски војници загинаа денеска при судирот со азербејџански војници, непосредно пред регионалната посета на американскиот државен секретар, Хилари Клинтон.
Според неофицијалните податоци судирот се случил на 125 км. североисточно од ерменскиот главен град Ереван помеѓу ерменските гранични војници и азербејџански војници. Ранети се неколку ерменски војници кои се обидувале да ги спречат азебејџанските да навлезат на нивната територија, соопшти ерменското министерство за одбрана, а Азербејџан негира дека имало каков било инцидент.
Клинтон денеска се очекува да пристигене во Ереван на средба со претседателот Серж Саркисјан. По посетата на Ерменија и Грузија, на 6. јуни ќе го посети и Баку.
Тема на денешните разговори помеѓу Клинтон и Саркисјан е токму регионалната безбедност.