За 24 часа издадени 2.413 потврди за азил

Од:

Министерството за внатрешни работи за изминатите 24 часа издало 2.413 потврди, од нив 1.480  се од машки пол, 288 се од женски, 504 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 141 дете кои патуваат без родител, за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 3.134,  Авганистан 132, Ирак 126, Палестина 5, Пакистан 26, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни 2015 до 13 септември 2015 година во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 75.087 странски државјани, од кои, 50.155 се од машки пол, 10.337 се од женски, 12.415 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.180 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 61.029, потоа Авганистан 4.669, Ирак 3.538, Пакистан 2.032, Палестина 842, Сомалија 592, Бангладеж 506, Конго 328, Нигерија 210, Камерун 163 Еритреја 154, Етиопија 118, Судан 106, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11 септември 2015 година, до Одделението  за азил поднесени се 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска