Репрезентацијата на Грција е вториот четвртфиналист на Евробаскет 2015, откако попладнево со убедливи 75:54 ја елиминира Белгија во осминафиналето.
Белгиските кошаркари имаа сили за отпор само едно полувреме. По 34:31 на полувремето, во третата четвртина грчките кошаркари постигнаа 23, а примија само 11 поени за убедлива и недостижна предност која на крајот изнесуваше плус 19.
Претходно место во четвртфиналето обезбеди Летонија по победата над Словенија со 73:66.
Вечер играат Шпанија – Полска и Франција – Турција.
Победниците од овие натпревари ќе бидат противници на Грците односно Летонците во четвртфиналната фаза.