Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од седум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Следува период на претежно сончево и топло време, по одделни котлини со услови за појава на слаба утринска магла.