Летонија прв четвртфиналист на Евробаскет

Од:

Репрезентацијата на Летонија е првата која обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на Европското кошаркарско првенство, откако попладнево во првиот дуел од нокаут фазата ја совлада Словенија со 73:66.

Летонија до триумфот дојде по подобриот финиш.

Првата четвтина заврши со изедначен резултат 20:20, а на полувреме беше 42:40. Ниту по третиот период не се наѕираше победникот, за во последната четвртина Летонија да направи двоцифрена предност која се покажа недостижна за словенечките кошаркари.

Најефикасни во победничката репрезентација беа Штрелниекс со 17 и Берзинс со 13 поени. Кај Словенците се истакна Зоран Драгич со 17 реализации.

Во тек е втората осминафинална пресметка во која учествуваат Белгија и Грција.

Вечер играат Шпанија – Полска и Франција – Турција.

Другите четири осминафинални натпревари се играат утре.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска