Околу 1,4 милион луѓе учествуваа на манифестација за Националниот ден на Каталонија

Од:

Околу милион и половина луѓе учествуваа вчера на голема манифестација во Барселона за поддршка на независноста на оваа шпанска автономна област, организирана на Националниот ден на Каталонија, соопшти локалната полиција.

Околу 17:30 часот по локално време, на 15 минути пред почетокот на манифестацијата на централната градска улица, локалната полиција преброри 1,4 милион учесници. Оваа бројка не е потврдена од националната полиција, што ја претставува централната власт во Мадрид.

Приврзаниците на идејата за независност на Каталонија вчера започнаа предизборна кампања во обид да обезбедат мнозинство во регионалниот парламент на изборите закажани за овој месец. Кампањата за регионалните избори на 27 септември симболично започна на Националниот ден на Каталонија.

Пред вчерашната манифестација носителот на предизборната листа на блокот партии, кои се залагаат за независност, изјави дека е неопходно Каталонците да го изразат својот став директно на референдум. Но, бидејќи централните власти во Мадрид го одбија тоа, изборите на 27 септември ќе покажат кој е ставот на населението, истакна Раул Ромева. Тој и неговите сојузници се борат за 68 места во 135 члениот парламент и според анкетите, тие би требало да освојат слабо мнозинство.

Приврзаниците на идејата за независност тврдат дека ако победат на изборите, тоа ќе им даде мандат да изработат каталонски устав и да започнат преговори со централната власт за отцепување од Шпанија. Можно е и еднострано прогласување на независност од регионалниот парламент до 2017 година.

– Подготвен сум да го доведеме до крај овој процес, ако имаме мнозинство во парламентот, изјави регионалниот лидер Артур Мас.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба