Средба: Ахмети – Баришиќ

Од:

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, денеска лидерот на партијата Али Ахмети се сретна со новоименуваната хрватска амбасадорка во Македонија, Даниела Баришиќ.

Како што соопшти денеска ДУИ, Ахмети и хрватската амбасадорка разговарале околу актуелните политички случувања во Македонија, договорот од 2 јуни и преговорите на работните групи, како и за меѓуетничките односи.

Лидерот на ДУИ оценил дека спроведувањето на договорот значи пристап на земјата кон евро-атлантските стандарди и враќање на политичката и институционалната стабилност.

Тој ги претставил ставовите на партијата во врска со специјалниот обвинител, како и потребата за, како што посочил, законско регулирање на прислушкуваните разговори со цел да се гарантираат фер и еднакви услови за сите учесници во политичкиот процес.

Партиите, смета Ахмети, треба да ги надминат разликите за сепцијалниот обвинител што е можно поскоро и да продолжат со работа во насока на спроведувањето на другите точки на договорот.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот