Околу 650 нови пожари, реистрирани на островот Калимантан денеска и вчерашните 550 забележани од сателит на островот Суматра, сериозно го загрозуваат секојдневниот живот, особено здравјето на над 30 милиони Индонезијци.
Облаците чад, што допираат до Сингапур па и до главниот град на Малезија Куала Лумпур, се приќина во овој дел на Азија воздухот да биде прогласен за опасен по дишењето.
Индонезија со сегашнте проивпожарни бригади и опремата, особено поради долготрејната суша, тешко се справува со пожарите. Денеска властите одобрија 26 милиони долари за изнајмување на авиони и хеликоптери од странство, што се специјализирани за гаснење пожари. Во Парламентото во тек е процедура според која септемвриските пожари Индонезија ќе ги прогласи за национална катастрофа.
Најголема причина за пожарите, кои сега, како и во изминативе десетина години, тешко се контролираат, е намерното палење на шумите на Суматра и Калимантан за да се обезбедат чисти површини за подигање на индустриски плантажи за добивање палмино масло.
Првпат годинава е поведена истрага против подметнувачите на пожари. Според локалните медиуми, најмалку 20 сопственици и концесионери се соочуваат со големи парични казни и 10 годишен затвор, ако истрагата докаже дека тие недоволно го обезбедиле теренот на кој со палење сакале да расчистат делови од прашумите.