Промовирана Mонографијата за Музејот на македонската борба

Од:

Во рамки на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба денеска во Музејот на македонската борба – Скопје е промовирана Mонографијата за Музејот на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“.

– Преку промоцијата на монографијата се навраќаме на богатото револуционерно и политичко минато на македонскиот народ, на неговата духовна сила во остварувањето на државотворните цели. Повторно со аргументи го потврдуваме и историскиот континуитет на употребата на нашето древно име, Македонија, истакна во обраќањето на промоцијата министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Монографското издание отпечатено на македонски и на англиски јазик, чии автори се професорите Виолета Ачкоска и Зоран Тодоровски, нуди патување низ сите 13 одделенија на Музејот. Читателот може да се потсети и да ужива во највпечатливите експонати, но и да го разбере македонското траење, борбата за државност и жртвите што ги дал нашиот народ за самостојна, суверена и демократска Република Македонија.

Во првиот дел е прикажано создавањето на Музејот, а вториот е посветен на актуелната музејска поставка.

– Монографијата на најавтентичен начин ја отсликува убавината и богатата содржина на музејската поставка, нејзината историска и уметничка вредност, нагласи Канческа-Милевска.

Според неа, Музејот на македонската борба е институција од непроценлива важност за нашата историја и култура, место каде што младите генерации ќе се едуцираат за негување на историските традиции, за љубов кон татковината и нејзиното минато.

На промоцијата присуствуваат претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, министри во Владата, пратеници, претставници од локалната самоуправа и други високи гости.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска