На Евробаскетот што се игра во четири држави синоќа беше комплетирано 4.коло по кое три репрезентации се со максимален ефект.
Бранителот на трофејот Франција до четвртата победа стигна на средбата со Русија, а со максимален учинок се уште и Србија и Грција.
Резултати 4.коло:
А група: БиХ – Финска 59:88, Полска – Израел 73:75 и Франција – Русија 74:67.
Табела: Франција 4-0 (победи – порази), Израел 3-1, Финска 2-2, Полска 2-2, БиХ 1-3 и Русија 0-4.
Б група: Србија – Турција 91:72, Германија – Италија 82:89 (по продолжение) и Шпанија – Исланд 99:73.
Табела: Србија 4-0, Италија 3-1, Шпанија 2-2, Турција 2-2, Германија 1-3, Исланд 0-4.
Ц група:Словенија – Грција 72:83, Македонија – Грузија 75:90 и Хрватска – Холандија 78:72.
Табела: Грција 4-0, Хрватска 3-1, Словенија 2-2, Грузија 1-3, Холандија 1-3, Македонија 1-3.
Д група: Белгија – Чешка 64:66, Летонија – Украина 74:75 и Естонија – Литванија 62:64.
Табела: Чешка 3-1, Литванија 3-1, Белгија 2-2, Летонија 2-2, Украина 1-3, Естонија 1-3.
Денеска се играат натпреварите од 5.коло по групи по што ќе бидат познати осминафиналните двојки.