Индонезија, на чии острови Суматра и Калимантан деновиве се регистрирани 513 поголеми пожари, денеска испрати извинување до Малезија и Сингапур, до каде допираат облаците чад од Индонезија и го загрозуваат здравјето на населението во тие држави.
Со проблеми со дишењето и отежнат секојдневен живот се сочуваат и над 27 милиони жители од западниот дел на индонежанскиот архипелаг.
Полицијата денеска соопшти дека привела 20 лица, локални бизнисмени и нивни соработници за кои е утврдено дека подметнувале пожари за да ги расчистат шумите и на тоа подрачје да подигнат фарми со индустриски палми, чие масло постигнува рекордни цен на светскиот пазар.
Според шефот на полицијата во провнцијата Џамби, само во овој дел на Суматра се уништени над 9.000 хектари и е направена штета од над 50 милиони долари.
Поголема ангажираност на полицијата и населението во откривањето и спречувањето на пожарите денеска побара и индонежанскиот министер за правда Јасона Лаоли. Тој нагласи дека поради долгата суша и ветровите се случува од неконтролирано палење да избувнат пожари на повеќе локации, а поради густиот чад државата има големи штети во образованието и сообраќајот.