Завахири: Не го признаваме калифатот на ИД

Од:

Лидерот на Ал Каеда Ајман Ал Завахири ја отфрли групата Исламска држава и нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади како незаконски, во аудио снимка објавена на интернет.

Завахири, сепак, нагласи дека неговите приврзаници ќе ги поддржат џихадистите на ИД во нивната борба против западата коалиција во Ирак и Сирија, ако тоа биде можно.

– Не го признаваме овој калифат, истакнува Завахири на снимката, за која се верува дека е изработена пред најмалку осум месеци.

Наспроти ривалството меѓу Ал Каеда и ИД, Завахири нагласи дека постои простор за нивна соработка за борба против Западот.

– Наспроти големите грешки на ИД, да сум во Ирак или Сирија би соработувал со нив за убиство на крстоносците и секуларистите и шиитите, иако не го признавам легитимитетот на нивната држава, бидејќи работата е поголема од тоа, порача Завахири.

Групата ИД, која контролира голем дел од Ирак и Сирија, се залага за формирање на калифат на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска