НАТО загрижен поради можниот поголем ангажман на Русија во Сирија

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази вчера загриженост поради информациите за поголемиот воен ангажман на Русија во Сирија, предупредувајќи дека какво било зајакнување на поддршката на режимот на Башар ал Асад може само да го влоши конфликтот.

– Да загрижен сум од информациите дека е можно Русија да распоредила авиони во Сирија, изјави Столтенберг во разговорот организиран на Фејсбук.

– Секоја воена поддршка на режимот на Асад може да доведе до ескалација на судирот и дополнителна загуба на невини животи, рече тој.

Столтенберг ова го изјави неколку часа откако Бугарија, земја-членка на НАТО соопшти дека го одбила барањето руски авиони да го користат нејзиниот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски