Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство откако синоќа загуби од домаќинот Хрватска со 73:55.
На полувреме Македонија водеше 32:30, но во вториот дел домаќините заиграа поагресивно во одбраната, а го сопреа и нападот на „црвено-жолтите“.
Најефикасен кај Македонија беше Предраг Самарџиски со 10 поени, а по 9 постигнаа браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Во победничкиот состав се истакна Дарио Шариќ со 15 поени.
На другите два дуела од групата Ц: Словенија – Холандија 81:74 и Грузија – Грција 68:79.
Табела: Грција 3-0 (победи – порази), Хрватска 2-1, Словенија 2-1, Холандија 1-2, Македонија 1-2, Грузија 0-3.
Денеска од 18 часот македонската репрезентација го игра решавачкиот дуел за пласман во осминафиналето против Грузија.