Администрацијата на Обама разгледува неколку пристапи за реакција на глобалната бегалска криза

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама разгледува неколку пристапи како одговор на глобалната бегалска криза, вклучувајќи ја и ситуацијата со раселувањето на бегалците, изјави портпаролот на Белата куќа Питер Бугор.

– Ние сме, исто така, во постојан контакт со земји од Блискиот Исток и Европа, кои беа сериозно погодени од зголемувањето на бегалскиот бран, додаде портпаролот.

Додека Европа се обидува да се справи со бегалската криза од сириската војна, одредени здруженија за заштита на бегалците ја прекорија американската власт за бавната реакција на случувањата.

Истовремено стотици Американци предложија да прифатат сириски бегалци во својот дом. Во онлајн петиција, 1.300 лица сметаат дека САД треба да дозволат на повеќе мигранти, кои бегаат од граѓанската војна да дојдат на американска територија.

Петицијата е на прогресивниот сајт Moveon.org и во неа се апелира САД да ги укинат ограничувањата за прием на сириски бегалци.

Иако се подготвени да прифатат сириски бегалци, некои луѓе, потписници на петицијата, изразуваат загриженост дека во САД можат да дојдат и терористи, преправен како бегалци.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас