Редици и колони се забележуваат на граничниот премин кај Богородица за влез во Македонија, објави Фактор.
Граѓаните нервозни и револтирани што чекаат со часови за влез во Грција.
„Чекаме веќе два часа, влегуваат по една две коли и толку. Како што стојат работите може да се случи да окапеме на преминов цел ден“, велат за Фактор револтирани граѓани кои решиле за празникот да заминат за Грција.