Индонезија ќе ги заостри срогите мерки против нарко дилерите

Од:

Новиот шеф на индонезиската Агенција за борба против  дрогите Буди Васесо денеска најави дека уште повеќе ќе се заострат и онака строгите законски мерки против нарко дилерите. Васесо изјави дека според сегашните закони нарко дилерите можат да избегнат судење ако изјават и со сведоци докажат дека и тие се зависници.

Буди Висосо, еден од најблиските политички соработници на претседателот Видодо, поради противењето на моќната Комисија за борба против корупцијата се бореше, но не успеа да стане шефна националната полиција на Индонезија. Тој до сега, повеќе формално, беше заменик на директорот на националната полиција, а од утре ќе го преземе местото директор на индонежанската Агенција за борба со дрогата.

Индонезија со на пет милиони регистрирани нарко зависници и голем број на жртви меѓу нив, од лани ја реактивираше мерката за извршување на смртната казна за фатените нарко дилери. Пред стрелачкиот строј годинава застанаа педесетина осуденици на смрт, меѓу кои имаше и странски државјани.

Претседателот Јоко Видодо во кампањата за претседателсите избори вети дека  ќе ја исчисти Индонезја од дрогата. Од неговиот кабинет денеска соопштија дека ќе ја поддржат и идејата на анти-наркотик бригадата за одземање на правото на нарко-дилерите да бидат испратени на рехаблитација, една од дупките во сегашните закони на оваа 256 милионска држава со која, со вешти адвокати, десетици нарко-дилери ја избегнале казната. 

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници