А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП ќе достави предлог закон за легализација на марихуаната за медицински цели

by А1он04/09/2015 - 12:4904/09/2015 - 13:00355
Share0

„Либерално-Демократската Младина (ЛиДеМ) преку пратениците на ЛДП во македонското Собрание ќе достави предлог-закон за легализација на марихуаната во медицински цели.

Добивај вести на вибер

Употребата на канабисот во Македонија зема се поголем замав, затоа сметаме дека со неговата легализација ќе им се овозможи на болните коишто се одлучиле за таков третман, овој лек да го земаат легално. Притоа ќе се елиминираат сите сомнежи и можности за манипулации од страна т.н. дилери на марихуана, околу квалитетот на производите од оваа супстанца.

Либерално-Демократската Младина (ЛиДеМ), исто така, со задоволство го проследи истражувањето на агенцијата М-Проспект, според кое 70% од нашите сограѓани ја одобруваат употребата на марихуана (коноп) во медицински цели. Ја поздравуваме и храброста на агенцијата конечно да се направи истражување, на оваа за многумина табу тема во нашето општество. Резултатите ги сметаме за охрабрувачки, затоа што декриминализацијата на марихуаната и нејзината употребата за медицински цели, е наша долгогодишна заложба.

Во исто време се поголем е трендот и поддршката на регионално, европско и светско ниво за легализација на канбисот како алтернатива на хемиските супстанци.

Во Уставот на Р.Македонија во член 39 стои: „На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.“

Доколку одредени пациенти се одлучат на ваков третман и тој делува позитивно на нивното здравје, сметаме дека државата несмее да им го ускратува правото на легално користење на марихуаната“, се вели во соопштението на ЛиДеМ.

 

ldplidemzdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 14:37

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 11:1519/09/2025 - 11:55

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:43

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Горан Наумовски10/09/2025 - 10:47

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ02/09/2025 - 10:1902/09/2025 - 10:33

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Горан Наумовски27/08/2025 - 14:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен