Јубилејна 40-та Струшка музичка есен

Од:

Музичките работници по 40-ти јубилеен пат ќе дискутираат на актуелни теми за музиката и предизвиците на новото време, но ќе се навратат и на музичката историја во рамките на Меѓународна музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“ што од денеска до 6 септември ќе се одржува во Струга.

Манифестацијата која четири децении се одржува на струшкото крајбрежје, јубилејното издание ќе го посвети на себеси, односно темата на годинашното издание е „Меморија и перспективи“ .

Политиката на меморирање во едно општество, според селекторот на прогрмата, Ивона Опетческа-Татарчевска, етномузиколог, етнокореолот во Управата за заштита на културното наследство, директно ги одразува актуелните политички и идеолошки интереси во него. Меморијализацијата, истакна, е процес во кој се креира видувањето на музичката историја во Македонија, со цел да дадеме легитимитет на одредени историски настани, личности и процеси.

– Четири децении сме сведоци дека Струшка музичка есен е можност за средба и размена на различни идеи и дебати на актуелни теми, кои ја преокупираат македонската музичка јавност. Годинава обединивме трудови на 30-тина учесници од четири земји, кои ќе зборуваат за сеќавањето, наследството, моќта и релациите на сите поими со музиката, најави Опетческа-Татарчевска.

Преку годинашната тема „Меморија и перспективи“, додаде, ќе прошетаме низ сите претходни изданија на Струшката музичка есен.

Покрај од Македонија ќе учествуваат музиколози од Хрватска, Англија и Словенија.

На годинашниот научен собир на музиколозите, етномузиколозите, музичките педагози, медијависти и репродуктивни музички уметници, Опетческа-Татарчевска истакна дека ќе му оддадат чест на основоположникот на манифестацијата Сотир Голабовски, но и на сите стружани кои дале придонес во музичката историја во Македонија во последните четири децении. Ќе се одбележат и јубилеите110 години од раѓањето на СтефанГајдов, 100 години од раѓањето на ПанчеПешев, 90 години од раѓањето на КирилМакедонскии ВластимирНиколовски и 65 години од раѓањето на Томе Манчев.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор