Сончево и многу топло

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 18, а дневната од 31 до 37 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 36 степени.

Според УХМР, до крајот на неделава ќе продолжи периодот на многу топло време за овој дел од годината, со дневни температури од 31 до 38 степени. Во недела ќе дува умерен, повремено засилен западен ветер, а од попладнето се очекува да настапи позначителна промена на времето со пад на дневната температура и локален дожд.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска