За да обезбеди 258 милијарди долари инвестиции Индонезија ќе спроведе „брза и масовна“ дерегулација

Од:

За да обезбеди 258 милијарди долари за инвестиции Индонезија ќе спроведе „ брза и масовна ’’ дерегулација на досегашните закони за инвестирање, што посебно ќе бидат атрактивни за странски директни инвестиции во енергетиката и инфраструктурата. Либерализацијата денеска ја најави индонежанскиот претседател Јоко Видодо, кој во Џакарта, со шефицата на ММФ Кристине Легард одржа прес конференција посветена на економскиот развој на оваа 256 милиондкс држава со БДП од 1.100 милијарди долари.

Претседателот Виодо, кој ја презеде функцијата во октомври минатата година, соочен со намалената домашна потрошувачка и падот на цените на суровините од кои Индонезија остварува голем дел од приходите, во последните три месеци го смени економскиот тим во владата и од Парламентот побара под итна постапка да ги донесе законите кои ќе овозможат Индонезија да стане атрактивна земја за странски инвестиции. Измените се неопходни бидејки за прв пат по 10 години економскиот рас на Индонезија може да биде под 6 посто.

Планот да се обезбедат 258 милијарди инвестиции до 2.020 година се смета за остварлив, особено со оснивањето на Азиската Банка за инвестиции во Инфраструктурата со седиште во Пекинг. Само за проекти за осовременување на патиштата, железницата, пристаништата и аеродромите во следниве 4 години ќе вложи околу 185 милијарди долари.

Странските инвеститори, споре претседателот Видодо ќе имаат атрактиви услови за инвестирање во енергетскиот сектор, особено во користењето на геотермалните води и сончевата енергија. Само со половично искористување на потенцијалите на геотермалните води Индонезија може да обезбеди извори на електрична енергија со капацитет од 65.000 мегањати, што е над половината од снагата на сега инсталираните термо и хидроцентрали во целата држава.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници