„Национална Демократска Преродба во континуитет има изјавено дека Македонија има потреба за еден сериозен и ургентен пристап на разрешување на политичката криза бидејќи во спротивно актерството ќе доведе до сериозни последици за земјава. Меѓутоа, политичките актери и понатаму продолжуваат да играат пинг-понг со нивното актерство дека еден пат се многу блиску, а друг пат дека се многу далеку на постигнување на договор, за еден договор од Пржино што сите политички актери се веќе потпишани, и сето ова на штета на граѓаните и земјата како целина.
НДП бара ургентна интервенција од страна на меѓународната заедница, особено американската, во импонирање на реализација на сите точки од постигнатиот договор, бидејќи секојдневните игри на локалните политички актери нарушуваат секаква надеж дека нешто може да се среди во земјава. Овие локални политички актери не заслужуваат и понатаму да се рехабилитираат себеси со нивното актерство дека праваат големо жртвување за постигнување на договор што самите овие актери ја имаат рушено претходно.
НДП со право изјавува дека земјава нема капацитет за игри од ваков вид, и што подолго да трае сериозната реализација од постигнатиот договор, толку подолгу се затрупуваат секојдневните проблеми, со тешки последици за граѓаните и земјава во целост“, пишува во соопштението на НДП.