На островот Суматра во провинцијата Џамби од вчера беснеат големи шумски пожари, а властите прогласија највисок степен на тревога.
Провинциските власти побараа поддршка за гаснење на пожарите и од Националната агенција за борба со катастрофи, а помош се очекува и од Малезија и Сингапур, кои исто така се загрозени од облаците чад опасни по здравјето.
Поголем дел од регионот на југоисточна Азија годинава е зафатен со долготрајна суша, а во Индонезија пожарите избувнуваат и поради обидите на фармерите со палење на шумите да обезбедат поголеми површини за обезбедување на земјиште на кое садат плантажи на палми за производство на масло, чија цена во светот постојано расте.
Индонезија денеска и утре ќе се обиде во загрозеното подрачје да предизвика вештачки дожд, но дали ќе се успее зависи од тоа дали авионите со хемикалии за предизвикување вештачки дожд ќе наидат на поволни облаци за дејствување врз нив.