Македонија и Косово потпишаа спогодба за прекугранична соработка

Од:

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи и косовската министерка за европска интеграција Вљора Читаку денеска потпишаа финансиска спогодба за прекугранична соработка за 2011 година меѓу Република Македонија и Република Косово, во присуство на шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав и шефот на операции при Канцеларијата на ЕУ во Косово Кристоф Сток.

По повод потпишувањето на Програмата за прекугранична соработка ИПА 2011 вреден вкупно 600.000 евра, вицепремиерката Арифи нагласи дека за ЕУ прекуграничната соработка е значаен инструмент за обезбедување балансиран развој и интеграција на европскиот континент.

– Компонентата на ИПА за прекугранична соработка е дизајнирана да ги промовира добрососедските односи, да ги унапредува стабилноста, безбедноста и да поттикнува хармоничен, балансиран и одржлив развој бидејќи тоа е заеднички интерес на нашите две соседни земји, рече Арифи. Таа нагласи дека прекуграничната соработка се реализира и преку конкретни програми, кои ги продлабочуваат врските меѓу соседните земји за широк спектар корисници, како што се јавните институции, НВО, образовните институции, општините, регионалните и спортските клубови.

Според министерката Читаку, соработката во економијата, културата, трговијата и во други области во пограничниот регион е многу значајна за создавање механизми кои ќе ги зближат народите и ќе овозможат да се засилат заедничките аспирации за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски