Кинеската полиција уапсила 12 лица под сомнеж за вмешаност во експлозиите во магацинот во пристаништниот град Тјанцин на 12 август, во кои животот го загубија 139 лица, а 34 се водат како исчезнати, соопшти Министерството за јавна безбедност.
Повеќе од 500 лица се уште се наоѓаат во болница.
Според полициското соопштение, меѓу апсените е директорот на компанијата која е сопственик на магацинот „Руи Хаи лоџистик“, Ју Сјуевеј, неговиот заменик Донг Шесјуан и уште тројца високи претставници на фирмата.
Сопствениците на компанијата уште минатата недела признаа дека користеле врски во Владата за да ги добијат потребните работни дозволи.
Засега не се соопштуваат детали од обиненијата против уапсените.